Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 162 случаи на заразени со корона виорусот, но и четворица починати.
-Во болнички услови се починати 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г), информираат од Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.327.