Во Иран секои 23 секунди се заразува по еден човек со Ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа во Иран регистрирани се рекордни 3.825 новозаболени со Ковид-19 или на секои 23 секунди пријавен е нов случај, соопшти денеска иранското Министерство за здравство.

Во истиот период во земјата од последици од новиот корона вирус починале 211 луѓе односно на секои седум миниути бил пријавуван по еден смртен случај.

– Со рапидниот раст бројот на смртни случаи се искачи на 23.380, а над 460.000 луѓе се инфицирани со Ковид-19, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Сима Лари.

Експертите бараат итно воведување на карантин, на што се спротивставува иранскиот претседател Хасан Рохани поради економската криза во земјата.

Поврзани новости