Четворица од заразените кои се лекуваат во „8 септември“, се на респиратор и уште тројца на Клиниката за инфективни болести

by fokus

Денеска министерството за здравство информираше дека се регистрирани нови 29 заразени од корона вирусот, со што бројот на активни случаи во моментот се искачи на 393.

Дел од нив се на домашно лекување, но дел се хоспитализирани. Од оние кои се на болничко лекување, состојбата е тешка на десетина пациенти, од кои седум се приклучени на респираторна машина.

-Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Поврзани новости