Нови 29 заразени од корона вирусот, направени 349 тестирања

by fokus

Во изминатите 24 часа потврдени се нови 29 заразени од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

-Направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Регистрирани се и шест оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393. Последната дистрибуција по градови е:

  1. • Скопје – 588, активни 138
    • Куманово – 411, активни 47
    • Дебар – 51, активни 0
    • Штип-35, активни 1
    • Прилеп –190, активни 62
    • Тетово – 126, активни 63
    • Струга – 69, активни 6
    • Велес – 111, активни 49
    • Битола –25, активни 6
    • Охрид –17, активни 2
    • Кавадарци – 5, активни 0
    • Гостивар –19, активни 3
    • Гевгелија – 4, активни 0
    • Струмица – 2, активни 0
    • Крива Паланка- 6, активни 2
    • Радовиш – 4, активни 0
    • Крушево – 3, активни 0
    • Кочани – 31, активни 4
    • Пробиштип – 2, активни 0
    • Кичево – 2, активни 0
    • Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    • Демир Хисар – 1, активни 0
    • Македонски Брод – 2, активни 0
    • Пехчево- 3, активни 1
    • Делчево-1, активни 0
    • Валандово -1, активни 1
    • Виница – 2, активни 0
    • Кратово-2, активни 2
    • Берово-1, активни 1

Направените 349 теста се преку: ИЈЗ –211, Ветеринарен ф-тет -27, Авицена –17, Биотек -34, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода -10 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 20088 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани новости