Четворица кавадарчани минаа 1.100 километри на велосипед во чест на Тоше, од Нова Градишка до Крушево

by fokus

Четворица кавадарчани, со велосипеди поминаа 1.100 километир и за осум дена стигнаа од Нова Градишка до Крушево, во чест на Тоше. Тие од Хрватска тргнаа на 19 септември, а денеска пристигнаа во Крушево.

Пред стартот на акцијата, кавадарчаните положија свежо цвеќе пред споменикот на Тоше во Нова Градишка.

– Екипа сме од четворица велосипедисти, членови на „Тиквешки точакџии” од Кавадарци. Со автомобил стигнавме до Нова Градишка. Тројца ја минуваат маршутата на велосипед, а еден го вози автомобилот назад, како техничка подршка и заради безбедност – изјави пред осум дена Ѓорѓи Белевски за МИА.

Тој го возеше автомобилот, а на велосипед се Драган Јованов, Марјан Хаџи-Мустафов и Тони Стефанов.

Поврзани новости