Четворица играчи на Пари Сен Жермен се суспендирани поради хомофобични изјави по еден натпревар во националниот шампионат, објави француската Лига 1.
Коло Муани, Осман Дембеле, Ахраф Хакими и Лаивин Курзава беа казнети затоа што на 24 септември по мечот со Олимпик од Марсеј заедно со навивачите на нивниот клуб пееја навредливи песни упатени кон претседателот на Олимпик.
Клубот од Париз е казнет и со два натпревари во кои ќе мора да ја затвори трибината на која се најжестоките навивачи.
– Клубот жали што Дисциплинската комисија одлучи да спроведе претерана мерка, со која веројатно ќе се уназади работата за дијалог и превенција што клубот ја спроведува со навивачките здруженија и владините институции. Свесни сме за важноста на оваа борба и симболиката на одлуката, затоа и нема да поднесеме жалба – се вели во соопштението на Пари Сен Жермен.