Четкар по повод Азиската турнеја: „Министерството за култура ќе ми ги плати само патните трошоци“

by fokus

Џезерот и гитарист Владимир Четкар, кој што важи за еден од омилените музичари од земјава на претседателот Ѓорѓе Иванов, и на чии што настапи неретко може во публиката да се забележи Иванов во друштво на неговиот син Иван, заминува на Азиска турнеја, поддржан од Министерството за култура. Веста дека токму Министерството за култура ќе ја поддржи турнејата на популарниот музичар експресно беше објавена во десетици медиуми, а ние го запрашавме Четкар конкретно за каква поддржка се работи, бидејќи сепак станува збор за голема турнеја која што ги опфаќа Хонг Конг, Кина, Јужна Кореа, Сеул…

,,Поддршката од министерството се однесува само на патните трошоци. Ова е прв дел од турнејата, а вториот продолжува во декември, во Тајланд, Малезија и Камбоџа,, – ни изјави Четкар.

cetkar

На четиринаесетти септември со концерт на Хонгконгшкиот интернационален џез фестивал (Hong Kong International Jazz Festival) започнува неговиот прв дел од големата Азиска турнеја.

После Хонг Конг тој патува во Кина, каде што на 15 и 17 септември ќе настапи на џез фестивалот во Баодинг и на Беишан Џез Фестивалот во Зухаи (Beishan Jazz Festival).

Турнејата од Кина продолжува во Јужна Кореа каде на први октомври ќе настапи на еден од најголемите и најпопуларни џез фестивали во Азија и светот, Јарасум Џез Фестивал (Jarasum Jazz Festival), а наредниот ден ќе одржи концерт во Сеул на музичкиот фестивал Чангичеон (Chunggye-cheon World Music Festival). Владимир Четкар на концертите ќе биде придружуван од македонски, американски, германски и хонгконгшки музичари.

Мултиталентираниот охриѓанец, кој што повеќе од една деценија живее во Њујорк и настапува низ целиот свет во познати џез клубови, летово имаше неколку гостувања и во родниот Охрид. Ѓорѓе Иванов, кој што е страсен обожавател на џез музиката, и ова лето, како и многу години наназад, беше дел од публиката на Владимир.

Вики Клинчарова

Поврзани новости