Ставрески: Не е точно дека сум ја напуштил државата

by fokus 21:03
21:03

Ексминистерот за финансии Зоран Ставрески во изјава за Фактор, демантира дека ја напуштил државата и вели дека во моментов се наоѓа во Скопје.

Претходно, порталот НОВА објави дека има индиции дека поранешниот министер е надвор од земјата.

Освен тоа, порталот пишува и дека Ставрески неколкупати бил повикан во СЈО, но не се појавил на распит.

 На последната покана, Ставрески доставил известување за боледување.

Поврзани новости