Четиринаесетгодишно девојче од Лабуништа починало на пат кон Скопје

by Frosina Fakova

Четиринаесетгодишно девојче од струшкото село Лабуништа утрово починало на пат за Ургентниот центар во Скопје.

Информацијата ја соопштија од СВР Струга, каде утрово во 6.30 часот било пријавено дека четириесет и деветгодишен жител на селото Лабуништа ја однел својата ќерка во Општата болница во Струга во тешка здравствена состојба. Девојчето починало на пат кон Скопје.

По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција.

Поврзани новости