531
Четири жени, од кои три со мали деца, и еден маж, кои барале милостина од минувачите во Тетово биле вчера казнети од тетовската полиција.
„На 23.03.2023 во периодот од 11.30 часот до 15.00 часот на повеќе локации во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово во содејство и координација со претставници на Центарот за социјална работа спровеле активност за справување со питачење како незаконска појава. Во акцијата откриени и со соодветни поднесоци биле санкционирани четири женски и едно машко лице од Тетово и Скопје. Три од женските лица биле со малолетни деца“, информираа од МВР.