865
Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера, во рамки на контроли за почитување на мерките од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време на угостителските објекти, провериле 285 објекти и констатирале се четири непочитувања на работното време.
Како што информира МВР, едно прекршување е регистрирано во Аеродром, едно во Гази Баба и две во Сарај.
Согласно последната одлука, работното време на угостителските објекти се ограничува на 18 часот, за што ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави за сопствениците на објектите, а изречена е забрана за работа.