Четири нови случаи на заболени од морбили, хоспитализирана учителка од градинка

by fokus

Во последните 24 часа се регистрирани четири лица заболени со мали сипаници, од кои две се хоспитализирани, а две лица се прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување.

Меѓу хоспитализираните, како што се посочува, е 17-месечно бебе од скопското село Студеничани, кое не било вакцинирано, и 35-годишна учителка од градинка „Весели цветови“ од Кисела Вода.

Инаку, на Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 26 пациенти со морбили, а од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 111 случаи со ова заболување. Во пунктовите за вакцинација денеска до 13 часот вкупно се вакцинирани 4.530 деца, наведуваат од Министерството за здравство.

Поврзани новости