Предлог-законот за мораторуим на бомбите, што денеска до Собранието го доставија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предвидува драконски казни за секој медиум што ќе објави некој од прислушуваните разговори или пак транскрипт од истите. Ниту еден медиум, вклучително и портал нема да смее да ги објавува оваа материјали, а доколку некој го стори тоа, ќе се соочи со затворска казна од четири години.
Ако предлог-законот се усвои, тогаш сите медиуми од своите веб-страни ќе треба да ги избришат сите текстови поврзани со материјалите од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ и никогаш повеќе да не ги реобјавуваат или користат на било кој начин. Во спротивно, кривично ќе одговараат.
Објавувањето на прислушуваните разговори освен што ќе биде забрането во Македонија, ќе биде забрането и во странство. Во член 4 од предлог-законот стои и дека доколку поради објавување на вакви разговори се случи некој да почине, казната ќе се зголеми на минумум 10 години затвор