Едно дете е заразено од голема кашлица и се бори за живот во Институтот за мајка и дете во Белград вели проф. Владислав Вукомановиќ, педијатриски кардиолог и заменик директор на Институтот.
Како што изјавил, детето е на механичка вентилација и е во тешка состојба. Пред ова, стигнала веста дека починале четири деца во Институтот за мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ“ во главниот град на Србија.
Тој изјавил дека причина за смртта на четири деца била голема кашлица, пренесува РТС.
– Едно дете моментално е на механичка вентилација, на таканаречен вентилатор, што значи дека неговиот респираторен и витален живот се многу загрозени, додека, за жал, четири пациенти завршиле со смртен исход – наведува Вукомановиќ.
Тој посочува и дека бројот на позитивни деца на пертусис е околу 70, а две третини се хоспитализирани.
Лекарот предупреди дека се повеќе деца имаат тешка клиничка слика.