Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски испрати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам до Поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи како и на верниците од исламската вероисповед.
„Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.
Големите верски празнувања се можност да се навратиме на вредностите и традициите кои се темел на исламската, но и на другите религии. Овие моменти да ги посветиме на семејството, да помогнеме на тие што им треба помош, но и да се воздржиме од лоши мисли. Тие вредности и чистиот дух се дел од денови поминати во пост. Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот. Чесниот живот и посветеноста на семејството се основа на градење на добро и функционално општество.
Посветеноста на Бога е заедничка на сите кои живееме на овие простори. Дозволете да повикам на слога и заедништво во сите области кои се заеднички за нас и нашите граѓани. Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори. Македонија секогаш била пример за соживот, почит и разбирање и само така може да очекуваме позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Заедно да работиме за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок во образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Само со заедничка работа може да создаваме дела и вредности кои на следните генерации.
Нека е за многу години празникот! Нека е честит Рамазан Бајрам!“, се вели во честитката на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по повод празникот Рамазан Бајрам“, порача Груевски.