Алаѓозовски: Ќе се направи ревизија на проектот Скопје 2014

by Fokus

За сега нема да има рефасадирање и разместување на објектите од стотина милиони тешкиот проект на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје 2014 изјави министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Тој најави дека ќе се направи ревизија на проектот со која ќе се утврди како се трошени парите и каков е квалитетот на материјалот со кој биле градени објектите.

„Во овој момент финансиската кондиција е толку очајна состојба, а економскиот живот на граѓаните се одвива на работи на сиромаштијата така да приоритет нема да биде размесувањето и рефасидарењето на споменици или други објекти од Скопје 2014. Како министерство за култура ќе направиме меѓународен конкурс за долгорочни решенија како да се однесуваме кон Скопје2014. Ќе направиме ревизија во која на граѓаните ќе им дадеме увид во состојбите во тоа која е цената на чинењето на овој проект, кој се техничките карактеристики, колку е квалитетен материјалот со кој е граден и која е цената на одржливост на сите овие објекти. Верувам дека после еден таков увид во самата одржливост на проектот ќе биде многу лесно да се преземат во иднина некои акции кои ќе ни помогнат да се ослободиме од ова тешко време на претходната влада на Никола Груевски“, рече Алаѓозовски.

Поврзани новости