Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за неработен ден. По повод денешниот празник, државниот врв упати честитки до граѓаните. Празникот се одбележува и во останатите градови низ државата. Своја честитка упати и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
– За многу години Македонци!
Историската револуционерна ВМРО е архитип кој го носиме сите ние во нас. Историска грешка и неправда е злоупотребата на овој свет симбол во политички цели и премолчувањето на регистрирање на политичка партија со овој предзнак деведесетите ВМРО треба да биде фактор на националното обединување а не причина за раздор и поделба на патриоти и предавници.Се надевам дека еден ден ќе ги исправиме сите грешки од минатото и сегашноста, ќе се погледнеме во очи, ќе си ги признаеме грешките и ќе продолжиме заедно за доброто на наша Македонија и сите нејзини граѓани.
СРЕЌЕН ПРАЗНИК!, напиша тој на својот фејсбук профил.