-Со тоа преостануваат уште ратификации од уште само 4 земји членки, до официјално пристапување во НАТО.Република Северна Македонија е на прав пат. Се остварува врвен стратешки и национален интерес поставен од денот на независноста – полноправно членство во НАТО Алијансата, велат од СДСМ.

Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на државата и трајно осигурување на нејзините граници. Истовремено, членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, стабилна економијата, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

- Advertisements -

СДСМ продолжува со политиките што обезбедуваат развој, напредок и интеграција. Остануваме посветени на реализација на мерките што овозможуваат економски раст, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.