Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците, велат од партијата

by Fokus

„Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот. СДСМ како партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност како социјалдемократски вредности, секогаш е на страната на работниците. Со низа мерки и политики СДСМ ги унапредува работничките права, бидејќи напредокот се обезбедува со вреднувани, мотивирани и почитувани, работници“ се вели во партиското соопштение.

Оттаму порачуваат „откако заврши режимот на Груевски, кој ја рекламираше Македонија како земја со евтина работна сила, СДСМ работеше посветено на враќање на достоинството на работниците, значително ги зголеми платите во сите сектори“.

„Минималната плата од 8.000 денари, а во некои сектори и помалку, сега е покачена на 22.500 денари и ќе продолжи да расте. Просечната плата достигна историски највисоко ниво од речиси 40.000 денари. Зголемена е за 50% во однос на 2016 година. СДСМ предвреме го исполни ветувањето за просечна плата од 500 евра, а за наредниот мандат гарантира европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра“ е партискиот став.

Во соопштението се вели „исполнето е и ветувањето за недела – неработен ден, ден за одмор со семејствата, а за оние што ќе работат обезбедена е двојно поголема дневница. Со антикризните мерки за време на здравствената и економската криза, СДСМ спаси илјадници работни места. Во СДСМ работниците имаат искрен партнер и сојузник во залагањата за заштита и унапредување на работничките права, за повисоки плати. Со СДСМ работниците никогаш нема да биде оставени сами. Нека ни е честит Денот на трудот!“.

 

Поврзани новости