Чешкиот претседател утре во посета на Македонија

by fokus

Претседателот на Чешка, Милош Земан, утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија, соопштуваат од претседателскиот кабинет на Ѓорѓе Иванов.

На првиот ден од посетата, ќе биде остварена тет-а-тет средба на претседателот Иванов и претседателот Земан, како и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.

-Во рамки на официјалната посета, претседателот Иванов ќе го одликува претседателот на Чешката Република, Милош Земан со Орденот ’8 Септември’. Претседателот Земан се одликува за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија, стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Поврзани новости