Во своето телевизиско обраќање по повод Божик, чешкиот претседател Милош Земан рече дека бегалскиот прилив всушност е организирана инвазија и дека идната година бројот на бегалци што ќе пристигнат во Европа ќе биде двојно поголем и ќе следат уште неколку бегалски бранови.
Земан рече и дека младите Сиријци и Ирачани треба самите да земат оружје и да се борат против групата Исламската држава (ИД).
-Не заборавајте, тврдам дека меѓу тие имигранти има и џихадисти, кои слично како во Франција, можеме да очекуваме да извршат повеќе терористички напади во Европа. Најголема превенција е армијата и полицијата да направат еден вид ѕид кој ќе биде заштита пред миграцискиот бран.
На оваа изјава реагираше чешкиот премиер Бохуслав Соботка, кој рече дека коментарите на претседателот Земан се базирани на „предрасуди“ и се резултат на „неговото вообичаено поедноставување на работите“.