Чешката влада поднесе оставка

by fokus

Чешката влада на чело со Андреј Бабиш поднесе оставка по исходот на парламентарните избори, но останува да управува со земјата додека победниците – коалицијата на конзервативци, демохристијани и либерали „Заедно“ со коалицијата на Пиратска партија и независните градоначалници СТАН не го формираат новиот министерски кабинет.

Премиерот Бабиш утрово поднесе писмена оставка, бидејќи претседателот на Чешка, Милош Земан е во болница од 10 октомври.

-Го одржав ветувањето дека ќе бидеме рекордери во брзината на поднесување на оставка. Поразени сме на изборите и одиме во опозиција. До последен момент ќе работиме за ништо да не запоставиме, изјави Бабиш.

Изборите во Чешка се одржаа на 8 и 9 октомври, а Земан од болница му довери мандат на лидерот на победничката коалиција „Заедно“, Петар Фијал да води преговори за формирање на влада на две коалиции кои имаат комотно мнозинство од 108 пратеници од вкупно 200 во долниот дом на чешкиот парламент.

Поврзани новости