599
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов попладнево изјави дека стигнала понуда од страна на Чешка за помош во справувањето со пожарите.
Како што вели, веднаш е прифатена помошта која се однесува на хеликоптер марка „Блекхок“.
Според Ангелов, утре во текот на денот хеликоптерот ќе пристигне кај нас.
„Исто така, во текот на денешниот ден добивме понуда за помош од страна на Словенија со 50 пожарникари и со специјални возила за гасење на шумски пожари. Тие ќе тргнат утре околу пладне, а во Македонија ќе бидат во вечерните часови. Ќе бидат сместени во Берово и ќе им дадат поддршка на беровските пожарникари на планината Готем“ – вели Ангелов.