Можно е да има придвижување на спорот меѓу Скопје и Софија само ако има промена на владејачката коалиција во Бугарија. Конкретно за Северна Македонија не гледам дека оваа Влада има желба и намера да прави што и да било до март, така што за напредок можам да зборувам најрано за средината на годината. Ова го наведува заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева во изјава за бугарскиот весник „Дневник“.
Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи, за бугарскиот весник дава своја оценка и за проширувањето за време на португалското и словенечкото претседателство со ЕУ.
Не сум оптимист за оваа година. Мислам дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок. Концептот за проширувањето ќе биде разгледан политички, затоа што ако само кажеме дека проширувањето постои, а во практика е невозможно да се исполни, тоа ги демотивира земјите кандидати. Пристапот „ние ги лажеме дека ги сакаме, тие не лажат дека веруваат“ – повеќе не функционира, оценува Чернева.
Според Чернева, Бугарија не е сама во стопирањето на процесот на проширување, туку таа само ја завршила „валканата“ работа.
„Постојат најмалку уште четири земји кои се скептични кон него, но немаше потреба да се прави ништо затоа што Бугарија ја заврши валканата работа“, вели Чернева за бугарски „Дневник“.