Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин рече дека е пријатно изненаден од пласманот на македонската репрезентација на претстојното Европско фудбалско првенство (ЕП), оценувајќи дека тоа е шанса за промоција на една мала и економски недоволно развиена држава.
-Северна Македонија ме изненади … Тие се добра екипа, добро раководена и супер ми е што се пласираа на ЕП. Една мала земја, која нема добра економска состојба, доби шанса да се промовира. Ретко што може да го обедини народот во една држава како што тоа можат да го направат спортските успеси, изјави Чеферин, во опширно интервју за белградскиот весник „Информер“, објавено денеска.
Чеферин изрази уверување дека ЕП, што треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули ширум европскиот континент, ќе се игра пред полни стадиони.
-Мислам дека на лето ќе можеме да имаме полни трибини. Засега, планот е да се игра во сите 12 држави. Секако, постојат и резервни варијанти во случај некоја држава да се соочи со проблеми. Подготвени сме да го организираме натпреварувањето во 11, 10 или девет земји. па дури и во само една држава, ако тоа биде потребно. Сепак, јас сум 99.9 отсто сигурен дека ќе имаме ЕП во сите 12 градови, како што е и планирано. Евентуално може да се случи да отпадне една држава. Меѓутоа, мислам дека во иднина веќе нема да имаме турнири од ваков формат, со толку многу домаќини. Се покажа дека тоа е тежок потфат“, истакна првиот човек на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА),