Негативен е на тестот за коронависус, но лидерот на српската партија ЛДП има сериозно јаки болки во градите. Тој од петокот е во болница и според информациите има воспаление на белите дробови.
Неофицијално неговата здравствена состојба е тешка и комплицирана и политичарот трпи силни болки.
-Лекарите се сомневаат на емболија на белите дробови или воспаление на рбетниот мозок, наведува извор, но напоменува дека засега не е утврдена причината за таквото влошување на состојбата.
Проблем претставува и високиот крвен притисок кој лекарите се обидуваат да го спуштат.
Состојбата на Јовановиќ најверојатно е последица од прележаниот коронавирус во јули.
Тој во јули беше позитивен на коронавирусот и имаше компликации по што остана во болница подолг период.