505
Претседателот Ѓорге Иванов оддржa средба со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на која двајцата соговорници разговарале за натамошното продлабочување на билатералните односи и зголемување на соработката меѓу двете држави.
„По решението на политичката криза време е да се создаде нов поттик за членството на Република Македонија во НАТО. Како и досега, ја очекуваме вашата отворена и гласна поддршка“, истакнал Иванов, соопштија од неговиот кабинет.
Министерот Чавушоглу, пак, ја реафирмирал поддршката на Турција за европските и евроатланските интеграции на Република Македонија, укажувајќи дека Република Турција ќе биде доследна на таа континуирана поддршка.