519
Одговорно тврдам дека не е употребена физичка сила, а со присуство на полициските структури е обезбедена заштита на младите луѓе независно од која страна биле, одговори денеска министерот Чавков на пратеничкото прашање поврзано со настаните при изборот на претеседател на СПУКМ.
-Наредбата за распоредување припадници на Единицата за брзо распоредување ја издал командирот на полициската станица на полициското станишно подрачје на тој простор, а командирот е избран од Советот на општина Центар. Наредбите се носат на тактичко ниво и не треба да се мешаат политичкото и стратешкото ниво, одговори Чавков.
Тој ги оцени за шпекулации изјавите за примена на сила од страна на полицијата.