673
Одбраната на ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков со документи извадени од катастарот на Халкидики се обидува да докаже дека службената белешка од МВР е лажна.
Во таа белешка пишуваше дека тој сакал да бега во неговата вила на Халкидики, поради што му беше одреден притвор. Тој негира дека има вила во Грција и бара да биде пуштен до правосилноста на 18 годишната затворска казна.