Река потрошил 290 илјади евра во вториот дел од кампањата, го надминал и Пендаровски

by fokus 18:49
18:49

Според финансиските извештаи за вториот дел од претседателската кампања, кандидатот Блерим Река потрошил над 291 илјада евра, што е за повеќе од десет пати повеќе од првиот дел на кампањата.

Кандидатот Пендаровски пак, од 11-ти до 19-ти април за кампањата потрошил 257 илјади евра.

- Advertisements -

Сепак, во збирот на трошоците за целата 20-дневна кампања, Пендаровски потрошил двојно повеќе од Река. Кандидатот на СДСМ има расходи од 737 илјади евра, а кандидатот на Алијансата и БЕСА – 316 илјади.

Финансискиот извештај на Гордана Силјановска-Давкова не е пристигнат во Антикорупциската комисија, и овој пат го очекуваат по пошта.

Поврзани новости