Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денека изјави дека кога го разрешил Примислав Димовски од позицијата командант на Алфите, постапувал според одлука на Владата. Тој рече дека ја почитува пресумцијата на невиност на Димовски, а дека постпаките што се водат против него се процесуирани до Јавното обвинителство.
-Прашањето поврзано со Примислав Димовски е неговото незаконско назначување за командант на полициската единица „Алфи“. Значи имате директно кршење на законот за Влада и особено кршење на системот на кариера кој е вграден во Законот за внатрешни работи. Примислав Димовски е унапреден за седум хиерархиски нивоа, што како постапка не е видена порано во рамките на МВР, така што тоа е само дел од многуте незаконски одлуки донесени од мојот претходник, рече Чавков.