Денеска избраниот министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, попладнево на свечено примопредавање ја презеде министерската функција од досегашниот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Чавков.
-Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за внатрешни работи. Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го презеде кабинетот од претходниот министер Митко Чавков, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Претходно денеска, на седница на Собранието на Македонија, беа изгласани новите министри и заменици-министри кои беа договорени со Договорот од Пржино. Покрај новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, избрани беа и потпретседателката на СДСМ – Фросина Ташевска Ременски за министерка за труд и социјална политика. Нивни заменици ќе бидат досегашните министри Митко Чавков за МВР и Диме Спасов за труд и социјална политика.