Заев: По 24 април нема да бидам градоначалник, туку премиер

by Фокус 19:05
19:05

По изборите на 24.април нема повеќе да бидам градоначалник, туку ќе ја добијам честа да ја водам новата влада, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната собраниска седница на која беа избрани новите министри и заменици-министри.

-Премиерот е тој што треба да даде оставка 100 дена пред одржувањето на изборите и треба да се формира нова влада, со нов премиер. После 24 април нема да бидам градоначалник, зошто ќе ја добијам честа да ја водам новата влада на Република Македонија, рече Заев.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

За изборот на новите министри Заев рече дека тоа е само еден чекор кон незапирливот пат кој ќе ги донесе демократските промени во Репубика Македонија и сега учеството на СДСМ во владата има контролна улога, а по 24 април СДСМ ќе ги врати уставните и економски вредности, кои ги бараат и ги заслужуваат граѓаните.

-Функцијата на овие луѓе е да бидат контролори и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните. Во Македонија мора, треба и ќе има слобода и демократија, рече Заев.

 

Поврзани новости