Чавков: Македонија се соочува со притисок од илегантни мигранти

by Фокус

Македонија од јужната граница се соочува со огромен притисок на илегални мигранти кои се обидуваат да ја искористат нашата територија како транзит упатувајќи се кон север односно во богатите членки на ЕУ, изјави министерот за надворешни работи Митко Чавков на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи од земјите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција.

– Ваквиот притисок резултира со четирикратно зголемување на бројот на мигрантите во првите пет месеци од годинава на територијата на нашата држава и приближно двојно зголемување на кривичните дела и  сторителите поврзани со криумчарење мигранти во однос на истиот период од минатата година. МВР максимално ги вложува своите капацитети за справување со овој проблем, но сите заедно сме свесни за неговите димензии. Ескалацијата на проблемот со незаконските миграции не се регионални или национални, тие се меѓународен проблем и затоа потенцирав дека е потребно и меѓународен одговор на овој проблем – рече Чавков.

Поврзани новости