Чавков ќе биде повикан на распит во Обвинителството за организиран криминал

by fokus

Обвинителството за организиран криминал на почетокот на јули ќе ги повика пратениците од снимките, но и припадници на МВР меѓу кои и ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, дознава Телма.

Деновиве, почнувајки од утре обвинителите ќе сослушуваат новинари, обезбедување на пратеници и други  оштетени и сведоци за време на „крвавиот четврток“ во Собранието.

Според информации на Телма тимот обвинители паралелно ги разгледува видеоматеријалите од собраниските насилства. Се читаат и сведоштва на повредните пратеници кои претходно сведочеа во скопското обвинителство, но не е исклучено дел од нив и повторно да бидат повикани да одговорат на некои дополнителни околности што ги интересираат обвинителите за организиран криминал.

Поврзани новости