557
Обвинителството за организиран криминал на почетокот на јули ќе ги повика пратениците од снимките, но и припадници на МВР меѓу кои и ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, дознава Телма.
Деновиве, почнувајки од утре обвинителите ќе сослушуваат новинари, обезбедување на пратеници и други оштетени и сведоци за време на „крвавиот четврток“ во Собранието.
Според информации на Телма тимот обвинители паралелно ги разгледува видеоматеријалите од собраниските насилства. Се читаат и сведоштва на повредните пратеници кои претходно сведочеа во скопското обвинителство, но не е исклучено дел од нив и повторно да бидат повикани да одговорат на некои дополнителни околности што ги интересираат обвинителите за организиран криминал.