Катица Јанева наместо да ми биде благодарна за мојот придонес во намалувањето на тензиите кои тие ги предизвикаа, безобзирно ја лажеше јавноста дека има опструкции, вели директорот на БЈБ, Митко Чавков во интервјуто во неделникот „Република“.
-Знаете дека имаше реакции за моето појавување во Управата за безбедност и контраразузнавање, се појавив затоа што беа инволвирани припадници на Бирото за јавна безбедност, особено припадници на дел од единицата „Алфи“ и мојата реакција за повлекување на специјалците во тренерки, кои во тој момент дејствуваа како параполиција, беше клучна во попречувањето на ескалацијата, тврди Чавков во интервјуто.