Чавков: Ќе се справиме со бегалската криза

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков при посетата на еврокомесарот Јоханес Хан во кампот кај Гевгелија изјави дека е оптимист поради се подобрата координација помеѓу невладиниот и владиниот сетор при справување на кризата со мигрантите.

f31

-На почетокот само ние бевме изложени на неконтролиран број на мигранти и поголем сум оптимист со присуството на Хан дека ЕУ со поголем интензитет и грижа заеднички со сите нас ќе се бараат решенија. Без единствена ефективна реакција од ЕУ нема да се подобрат состојбите со миграциските процеси. Ако се сеќавате кога кај нас дојдоа 11.000 бегалци за 24 часа, ние се обидовме со редуцирање на влезот да ја контролираме состојбата, но тоа е психологија на маса, луѓето се измалтретирани, патуваат со денови, тогаш настана една хаотична состојба што беше и лоша слика.Сега сме сведоци на тоа во целата транзитна рута нагоре, секако дека има загриженсот кај нас, но сум убеден дека нема начин да ги запрат така овие процеси. Ние како Република Македонија секако имаме проценки и анализи токму врз основа на тие имавме одлука за воведување кризен регион, кризната состојба е продолжена во двата кризни региони до 15 јуни 2016 година. Се наоѓаме во еден специфичен период и добро е да има една таква рамка во државата. Сигурен сум дека имаме капацитети да одговориме на ефективен начин од безбедносен и од хуманитарен аспект, рече Чавков.

Поврзани новости