Хан ја посети „бегалска“ Гевгелија: Ќе ви помогнеме да излезете на крај

by Фокус 10:24
10:24

Тим од Европската комисија заедно со експерти од Македонија од понеделник ќе ги утврдат потребите од опрема, човечки ресурси и финансиска помош што ќе им биде потребна на властите за справување со бегалската криза на јужната граница кај Гевгелија откако последните месеци државата ја зафати масовен бран мигранти. Оваа порака пристигна од еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан  при посетата на прифатниот центар за бегалци во Гевгелија. Тој е таму заедно со министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски и евроамбасадорот во Скопје, Аиво Орав.

– Ќе и помогнеме и на вашата земја да излезе на крај од ситуацијата. Како што веќе бев информиран на дневна база се примаат околу 6.000 бегалци, во просек. Мислам дека ова е предизвик за вашата земја, како и за другите земји, така што би било добро сите да изнајдат решение на ова прашање. Европската унија е заинтересирана да му помогне на системот на вашата земја за да се справи со оваа ситуација. Токму поради таа причина веќе во понеделник ќе дојде тим од Европската комисија кој заедно со експерти од вашата земја ќе ја направат вистинската проценка се со цел да ги идентификуваат потребите, опремата, човечките ресурси и финансиската помош која што ќе им биде потребна на вашите власти да се справат со оваа ситуација, рече Хан.

- Advertisements -

Инаку, МВР повторно извести дека во последните 24 часа илајдници бегалци поминале низ државата. Одново најбројни се тие од Сирија. Напливот нема да се намали, а станува се позагрижувачки тоа што секојдневно се регистрираат стотици деца кои патуваат без родители.

 

Поврзани новости