563
-Материјалните докази од истражната постапка поврзана со експлозијата која се случи викендов во Куманово, ќе помогнат да се идентификуваат сторителите, изјави министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, кој денеска учестуваше во акција за уништување на оружје и опојни дроги.
Што се однесува до случувањата во кумановската Дива населба, Чавков рече дека на тоа интезивно се работи и се во постојан контакт со косовската полиција, што е дел од препораките на Меѓународната кризна група.
Денеска во комбинатот Југохром во Јегуновце беа уништени 593 разни парчиња оружје и 1.200 килограми опојни дроги, најмногу марихуана и хероин.