511
Легендарниот фудбалер на Барселона и сегашен тренер на Ал-Сад, Чави, објасни зошто одби да ја предводи Барселона.
– Добив понуда од Барселона преку Ерик Абидал и Оскар Грау (извршен директор). Не прифатив. Премногу е рано за мојата тренерска кариера, но сепак сонувам да станам тренер на Барселона. Прво, разговарав за предлогот со моето семејство, а потоа и со играчите на Ал-Сад. Тие беа во знаење и во тие три дена не бев во најдобра состојба, но сега сум целосно фокусиран на Ал-Сад, изјави Чави.
Барселона пред три дена го отпушти Валверде и на тренерското место го постави Кике Сетиен.