580
Пред затворот во Шутка се собраат новинари, кои сакаат да му ја дадат целата поддршка на колегата Томислав Кежаровски, која експресно беше пренесе во истражниот затвор. Меѓу нив е претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, која во изјава за „Плусинфо“ вели дека е изненадена од брзината на спроведувањето на Кежаровски во затвор.
– Изненадени сме од брзината со која Томислав Кежаровски е спроведен во затвор. Не поминаа ни 12 часа од објавувањето на пресудата, а тој е веќе зад решетки. Сведоци сме како за тоа како за некои личности со правосилни пресуди се чека со месеци, па се прашуваме, што е толку опасен еден новинар, за да мора вака да биде спроведен во затвор – истакна Чаусидис.