Кежаровски пренесен во Шутка

by Фокус 20:41
20:41

Новинарот Томислав Кежаровски, вечерва е пренесен во истражниот затвор во Шутка каде ќе треба да одлежи уште три месеци и десет дена.

Тој вечерва како што претходмо јавивме од својот дом итно со полиција беше спроведен кон Шутка.

- Advertising -

Одбраната на Кежаровски за Фокус потврди дека се уште не ја примила одлуката на Апелациониот суд, таа лично му била предадена на Кежаровски од страна на полицијата, кога дошле во неговиот дом.

Пред затворот во Шуто Оризари, вечерва претставници на новинарскиот синдикат и колеги новинари му упатија поддршка на Кежаровски.

Претходно во текот на денот новинарите најавија протести против, како што рекоа, срамната одлука на судот, со која се осудени сите новинари.

Голготата на Кежаровски трае веќе една година и 9 месеци, откако со полиција беше уапсен во својот дом, за наводно откривање на заштитен сведок.

И меѓународните здруженија на новинари повеќе пати ја нагласија потребата од ослободување на Кежаровски, бидејќи е преседан новинар за напишан текст да оди во затвор.

Поврзани новости