Иако, изминаа само 7 години од набавката на новите 202 двокатни кинески автобуси и 80 украински едноподни автобуси, тие речиси секојдневно се расипуваат. Се платија премногу, а се со лош квалитет, вели во интервју за Фактор, првиот човек на ЈСП Скопје, Кристијан Чушков.
-Од 12 панорамски двокатни автобуси, само два се во исправна, возна состојба. Останатите ги наследивме расклопени. Од нив ваделе мотори, менувачи, делови од командната табла, па дури и електрика и столчиња за да ги одржуваат останатите затворени двокатни автобуси, додава Чушков.
Тој појаснува дека најсоодветни за Скопје се автобуси на гас.
-Во Скопје има еден на струја што се уште пробно е вклучен во јавниот превоз. Претходно пробно возеа три на гас. Какви ќе се купат, допрва ќе се одлучи. Тест периодот уште трае,заради тој на струја. Првичните анализи од укажуваат дека автобус на гас е најсоодветен за нашиот јавен превоз, генерално од сите аспекти. Не бара дополнителни инвестиции во инфраструктурата, а и од економска гледна точка се најисплатливи. Сепак, со каков тип на возила ќе го модернизираме возниот парк, ќе биде одлучено по завршување на тест периодот, вели Чушков. .