Часови од училиштата ќе се емитуваат на посебни канали на Националниот сервис?

by fokus

Децата кои немаат компјутери или други уреди за следење на онлајн наставата, а нема да одат на училиште ќе добиваат печатени материјали од училиштата, а Министерството за образование и наука е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени, најавуваат од ресорното министерство. Тие преку соопштение ги појаснуваат можностите кои ќе имаат децата без уреди за следење на онлајн настава.

-Детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наствниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да ги пуштаат во училиште со физичко присутво, а немаат уреди, во Планот е предвидена опција да добиваат печатени материјали. Овие материјали ќе се доставуваат на родителите од страна на наставниците според сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени. Исто така, наставниците ќе имаат обврска редовно да комуницираат со децата и нивните семејства и да следат колку напредуваат во учењето, објаснуваат од МОН.

Поврзани новости