Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“ во вечерашното гостување на телевизија Телма порача дека граѓаните не треба да се плашат да отидат на вакцинацијата, бидејќи на секој пункт има доктор со кој прво разговараат и им кажува дали таа вакцина е соодветна за нив.
Досега околу 192 илајди се пријавени за вакцинација. Заклучно со вчерашниот ден нешто повеќе од 47.000 лица се вакцинирани. Граѓаните треба да знаат дека на самиот пункт пред да се вакцинираат имаат разговор со лекар. Секој има прилика да разговара со доктор. Има и студенти по медицина. Ако се утврди можност за некоја контраиндикација, тогаш им се предлага да не се вакцинираат со таа вакцина. Не треба да се плашат, бидејќи прво разговараат со доктори, рече Чагороска.