Ослободените

by fokus

Пишува: Петар Богојески

Дали ја знаете онаа приказната за Мојсеј и ослободувањето на робовите од Египет? Дека му требаа четириесет и кусур години да ги направи слободни по ослободувањето? Е таа е совршена за нас, Македонците. Само што го немаме македонскиот Мојсие, зашто колку пати и да ни го испрати Бог, ние од клетост и завист го убиваме уште непојавен. Така сме се осудиле да ги талкаме нашите македонски четириесет и кусур години по балканскиве пустини, без водач. Да се надеваме дека ќе бидат токму толку години зашто недостигот од Мојсие може да нè направи да талкаме и сто години.

Се ослободивме во 1991 година. Сега сме 2021, што значи поминаа триесет години по беспаќето. Робови како робови, секаде сме исти. Дали си робувал на Египет или на Отоман или на Караџорџе или Кобурзите, роб си е роб. Ние поминавме векови и векови под ропство. Исто како Евреите. Делумно се ослободивме, делумно нè убија или нè асимилираа. До душа повеќето нè асимилираа, а немалку и убија од нас. Тие што останавме Македонци, се мачиме самите со себе, со ропството во нашите глави. Ропскиот менталитет нè толчи. Исто како еврејскиот менталитет кога талкале по голантската пустина. Ние талкаме по балканската кал. Тие талкаа четири денцении, а ние поминавме само три. Веројатно ќе талкаме уште најмалку една или две за да дојдат ослободените. Колку и да звучи сурово, таа е вистината. Чекаме да изумрат робовите од 1991 година, а на нивно место да дојдат ослободените. Да дојдат новите генерации, кои не се слуги на робовскиот менталитет. Затоа се ова критични години. Ако успееме да преживееме и да ја зачуваме државата уште околу дваесет години, веќе е готово. Никој не ќе може да ги пороби ослободените во иднина. Затоа толку маваат врз нас сега бившите ни поробувачи и убијци. Да нè спречат да се случи промената на генерациите, да спречат да дојдат ослободените. Знаат дека потоа нема назад. Затоа сега ги користат мивките, отпадот, гнасите мизерни, продадените, сиромашните во умот, евтините… помеѓу нас, ги користат робовите од минатото, кои сè уште се живи и нè управуваат, со цел да спречат да дојдат ослободените. Дали ќе успеат?

Истите тие мивки, гнаси робовски, таа клиентела за презир, направија сè што можеа да ги избркаат ослободените од земјава по белиот свет, со цел да ја обезглават Македонија, да не дојдат свои на своето ослободените, туку да одат да робуваат по светот. Да стануваат модерни робови кај новите поробители. Секогаш имало и секогаш ќе има робови и поробители. Само дома, тука во Македонија можеме да бидеме вистински слободни. Гнасите продадени, клиентелистички гниди, ни избркаа стотици илјади ослободени од земјава. Нè запустија. Многу нè оштетија. Ако тоа не престане, Македонија ќе умре. Тоа го прават по заповед од нивните газди, бившите им поробители. Тоа е стратегијата на поробителите на Македонија, да ги избркаат ослободените, за татковината да остане да пишти под вековно ропство и низ вековите што доаѓаат. Само така можат да го спречат ослободувањето на Македонија. Само ако ги избркаат ослободените. И посветено работат на тоа. А што правиме ние за да го спречиме тоа?

Домашните робови, домашните гниди ги бркаат ослободените, со цел Македонија да остане во ропство. Ние, освестените мораме итно да направиме две работи, ако сакаме да ја ослободиме Македонија. Прво да ги организираме ослободените од дома, кои растат и останаа да се борат во Македонија. Второ, да ги конектираме, да ги обединиме со ослободените од светот, кои насила ги избркаа гнидите. Така организирани ќе успееме да ги потиснеме во заборав, овие робовите! Тоа не мора да биде револуционерно дело. Не мора. Може да се направи и кроце по кроце. Ни треба конечното решение. Не мора да земеме камата и пиштолот и да убиваме гниди, робови по земјава. Не мора ниту да ги почекаме да изумрат по природен пат. Едноставно можеме да се организираме и ние нив да ги потиснеме на маргините на македонското општество. Не тие нас. Не тие да ги бркаат од земјава ослободените. Туку ослободените да ги потиснеме на маргините или да ги избркаме робовите. Тоа боли, чини, мачно е. Знам. Тоа понекогаш значи да се простиме и со најблиските, кои одлучиле да останат робови. Но, тоа е драги мои, тоа е нужен процес, ако сакаме да живееме во Слободна Македонија. Тоа е неопходно. Нема друг начин. Робовите, гнидите, продадените, слабите единки да ги потиснеме во заборав, а напред да излезат ослободените. Иднината им припаѓа на ослободените. Судбината мора да ја земат во свои раце ослободените. Друго џаре нема. Друг начин нема. Ако имало, и Мојсеј ќе го пронајдел. И библиските мудреци ќе го запишеле и ќе ни го оставеле во аманет. Нема, тој е патот. Нека боли, мора да се заврши. Мораме да се пресметаме со робовите меѓу нас. Мораме да ги исчистиме гнидите.

Ропскиот менталитет не се вади од ропска глава. Тој си е таму свој на своето. Од роб не се прави господар. Никогаш! Никогаш! Никој не успеал, нема ниту ние, Македонците. Туку да се збереме на куп сите ослободени, без ропски менталитет, да се организираме од земјава и низ светот, да се пресматаме со робовите, со слабите помеѓу нас и конечно да ја ОСЛОБОДИМЕ Македонија.

Поврзани новости