Чадиковски: Ниту клиниката Жан Митрев, ниту Министерството на го почитуваа договореното

by fokus

Во телефонски разговор за Телма, Владимир Чадиковски рече дека оставката во болницата на Жан Митрев е веќе депонирана и иако има отказен рок од три месеци, се надева на спогодбено заминување од клиниката пред тој рок.

Чадиковски вели дека оставката ја поднел бидејќи ниту клиниката Жан Митрев, ниту министерството за здравство не го почитувале договореното.

Чадиковски со тим од осум луѓе од државната детска кардиохирургија, на први февруари почна да работи во клиниката Жан Митрев, по принципот на јавно-приватно партнерство на државата со болницата Жан Митрев.

Целта беше децата да ги добијат сите стандарди што не беа овозможени на детската кардио-хирургија.

Неофицијално, се преговара со приватната болница Систина, проектот за детска кардио-хирургија да се пресели таму.

Поврзани новости