Семејство од Селце по телефон добило наредба да гласа за Захариев

by fokus

Јавниот обвинител ќе ја испита пријавата во штипската полициска станица за притисок врз гласачи во пресрет на вториот круг од локалните избори во оваа општина. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи притисокот се вршел во корист на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев.

Е.Т. вчера пријавила во полициската станица дека ден претходно на телефон и се јавило лицето Ј.С. од Штип и и рекол дека нивното семејство во с.Селце треба да гласа за кандидатот за градоначалник на Штип од неговата политичка партија, велат од МВР.

Поврзани новости