Тајно снимана општинската изборна комисија на Центар Жупа, фотографиите завршиле на фејсбук

by fokus

На денот на предавање на изборниот материјал Општинската изборна комисија на Цетар Жупа била неовластено снимана, а фотографиите потоа завршило на фејсбук со клеветнички коментари.

Претседателот на членовите на ОИК на оваа општина во петокот пријавиле во полициската станица во Дебар дека биле неовластено снимени.

Имено, на Фејсбук профилот на лицето Р.И. биле објавени фотографии од денот на примањето на изборниот материјал на Општинската изборна комисија Центар Жупа од избирачките одбори и имало објавен текст со невистинита содржина со цел да се наруши угледот на Општинската изборна комисија. Во полициската станица Дебар со лицата бил извршен разговор и бил поднесен службен материјал.

 

Поврзани новости